Во Грција уште пет лица починаа од коронавирусот, регистрирани 33 нови случаи
Бројот на жртви од коронавирусот во Грција се зголеми на 98 лица, откако во изминатите 24 часа беа потврдени уште пет смртни случаи, додека пак регистрирани се уште 33 нови заразени со Ковид-19 со што, од почетокот на епидемијата, позитивни се 2.114 лица.
Претставникот за коронавирусот во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас попладнево соопшти дека од потврдените случаи во земјата, 542 (25.6 отсто) се поврзани со патувања во странство, 819 (38.7 проценти) се контакти на веќе потврден случај, а 56.9 отсто од заразените се мажи.
Во однос на жртвите, од 98-те лица што починаа, 72 се мажи, а 26 жени на просечна возраст од 72 години. Од нив 88.8 отсто имале некој здравствен проблем и/или биле на возраст од над 70 години.
Приклучени на апарати се 76 лица.
Досега, во Грција се анализирани 42.261 примероци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ