Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар
Грчките власти уапсија десетици лица осомничени за подметнување пожар додека шумскиот пожар, најголемиот во последните години во Европската унија, беснее низ земјата, јавува Си-Ен-Ен.
Грчката полиција уапси 79 лица под сомнение за подметнување пожар, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис за јавната телевизија ЕПТ.
„Ова што се случува не само што е неприфатливо, туку и бизарно и криминално. Правите злосторство против државата. Нема да бидете поштедени. Ќе ве најдеме и ќе одговорите“, изјави грчкиот министер за климатска криза Василис Кикилијас, пренесува РТС.
Со изгорени повеќе од 73.000 хектари, пожарите во Александрополис официјално се најголемите пожари регистрирани досега во Европската унија, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.
Низ Грција, шумските пожари досега уништија 1,3 милијарди квадратни метри (130.000 хектари), што е рекорд на ЕУ, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.
Шумските пожари во планината Парнита, северно од Атина, се уште се надвор од контрола, а во текот на ноќта се уништени повеќе шуми.
Најголемата огнена линија на фронтот во Грција е во близина на североисточниот град Александрополис, во регионот на Еврос.
Ново на Сител
-
Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
-
Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
-
Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти
-
Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату