Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар
Грчките власти уапсија десетици лица осомничени за подметнување пожар додека шумскиот пожар, најголемиот во последните години во Европската унија, беснее низ земјата, јавува Си-Ен-Ен.
Грчката полиција уапси 79 лица под сомнение за подметнување пожар, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис за јавната телевизија ЕПТ.
„Ова што се случува не само што е неприфатливо, туку и бизарно и криминално. Правите злосторство против државата. Нема да бидете поштедени. Ќе ве најдеме и ќе одговорите“, изјави грчкиот министер за климатска криза Василис Кикилијас, пренесува РТС.
Со изгорени повеќе од 73.000 хектари, пожарите во Александрополис официјално се најголемите пожари регистрирани досега во Европската унија, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.
Низ Грција, шумските пожари досега уништија 1,3 милијарди квадратни метри (130.000 хектари), што е рекорд на ЕУ, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.
Шумските пожари во планината Парнита, северно од Атина, се уште се надвор од контрола, а во текот на ноќта се уништени повеќе шуми.
Најголемата огнена линија на фронтот во Грција е во близина на североисточниот град Александрополис, во регионот на Еврос.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото бебе
-
Пронајдени 5.500 парчиња петарди во магацин во Куманово
-
Народна банка: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид
-
Земјотрес почувствуван во Скопје, епицентарот на границата со Србија и Косово
-
И Али Ахмети во Косово
-
Пукале кон блиндор стаклото па ја ограбиле „Комерцијална“ во Чаир, уапсени 27-годишник и малолетник
-
„Тредс“ надмина 300 милиони корисници
-
Kaj 24-годишник во Гази Баба пронајдени 200 пакувања бела прашкаста материја