Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија, синоќа бил уапсен во Грција во обид да влезе кај јужниот сосед, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според документите од германските власти, како што пишува АНА-МПА, станува збор за 34-годишен маж од земјава, кој заедно со негови сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот.
Убиството било извршено на 9 февруари, кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а 81-годишниот починал од задушување.
Мажот по кој била распишана европска потерница бил уапсен синоќа на граничниот премин Евзони во обид да влезе на грчка територија.
По апсењето, 34-годишниот ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун за да започне постапката за негова екстрадиција во Германија.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта