Во Грција тројца полицајци починаа од Ковид-19, а заразени се над 400
За само неколку дена, тројца полицајци од различни служби во три града во северниот дел на Грција ја загубија битката со Ковид-19, иако се на возраст меѓу 50 и 55 години и немале здравствени проблеми, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, коронавирусот е раширен меѓу полицајците во целата земја, заразени се над 400 лица, а телевизијата „Мега“ објави дека 29 се веќе хоспитализирани.
Истовремено, во изминатите денови потврдени се и 57 позитивни случаи на Ковид-19 во две касарни во грчките градови Триполи и Јанина.
За војниците заразени со коронавирусот во касарните постојат специјални изолирани простории.
Според медиумите од Крит, вчера во фрегата од грчката воена морнарица во воената база на островот, биле потврдени десет случаи на Ковид-19 и во карантин, во фрегатата се сите членови на екипажот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно