Во Грција се зголемува бројот на заразени и починати од Ковид-19
Во изминатите 24 часа во Грција потврдени се 94 нови случаи на коронавирусот, а уште две лица починале, со што вкупниот број на заразени е 624, а бројот на жртви достигна до 15 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 124 лица, од кои 34 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 19 лица.
Повеќето од потврдените случаи се во Атина, а 55,7 отсто се мажи.
Поголемиот број од хоспитализираните граѓани имаат претходни сериозни здравствени проблеми, а нивната просечна возраст е 64 години.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево повторно ќе им се обрати на граѓаните, а потоа, еден час подоцна, од оперативниот центар за цивилна заштита ќе следат соопштенија од надлежните министри.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена