Во Грција прв случај на бебе родено со Ковид-19 од заразена мајка
Во атинска болница вчера се роди бебе позитивно на Ковид-19 од мајка заразена со вирусот, што воедно е прв ваков случај во Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, мајката пред осум дена имала симптоми на коронавирусот и по направениот тест било потврдено дека е позитивна, додека пак вчера, при приемот во болница, а непосредно пред породувањето со царски рез, одново била тестирана, а резултатот од молекуларниот тест бил слабо позитивен.
Бебето е згрижено на Одделот за интензивна нега на новороденчиња, а грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека со фактот што породувањето било со царски рез, се отфрла можноста за пренесување на вирусот при породувањето.
Директорката на гинеколошко–акушерската клиника во болницата каде што се роди бебето, Софија Калантариду за порталот „Healthview“ рекла дека ова е сериозен наод што ги потврдува стравувањата за пренесување на вирусот во матката од мајката на детето.
Медиумите во Грција пишуваат дека досега, сите новороденчиња родени во конкретната атинска болница од мајки заразени со Ковид-19, имале негативни резултати по направените молекуларни тестови.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови