-->
-->
Во Грција прекинат синџир за шверц со дрога од Албанија
-->
Грчката полиција разби криминална група која шверцувала марихуана и кокаин од Албанија во Грција, јавија некои грчки медиуми.
Во полициската акција се уапсени десет лица, меѓу кои девет Албанци и еден Грк. Мрежата ја контролирал Албанец со постојан престој во Албанија.
При претрес на домовите и автомобилите на уапсените пронајдени се и запленети повеќе од 173 килограми канабис, околу 300 грама кокаин, над 77 илјади евра, пет автомобили, едно такси, ваги и мобилни телефони.
Во рамките на овој случај се испитуваат уште 113 случаи на трговија со дрога од членови на, сега веќе, растурената мрежа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес