Во Грција потврдена мутација од Уганда на коронавирусот
– Видот Lineage A.23.1/Uganda, односно мутацијата на коронавирусот од Уганда, е потврден во Грција, а зголемен е бројот на случаи од британската мутација, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 487 анализирани позитивни случаи од периодот од 5 јануари до 18 февруари, потврдени се 242 мутации, од кои 226 се од британскиот вид (Β.1.1.7/UK lineage), 12 од јужноафриканскиот (LineageB.1.351/South Africa) и еден од Уганда (Lineage A.23.1/Uganda).
Во Грција има вкупно 990 случаи од британската мутација, од кои повеќе од половина се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Токму поради раширеноста на британската мутација, но и поради зголемениот број нови случаи во конкретната област, веројатно е дека ќе бидат продолжени рестриктивните мерки, односно строгиот карантин воведен на 11 февруари, што е во сила до недела.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на владината седница во средата, рече дека зголемувањето на случаите, особено во Атика, де факто ја оддалечува намерата за постепено отворање на 1 март.
Конечните одлуки за евентуалното продолжување на карантинот, ќе бидат соопштени попладнево на редовната прес конференција, откако претходно надлежната комисија на епидемилози ќе достави соодветна препорака до грчката Влада.
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција