-->
-->
Во Грција можност за предвремени избори во септември или октомври
-->
Можно е во септември или октомври да се одржат предвремени избори во Грција, изјави министерот за внатрешни работи Никос Вуцис.
Тој тоа го изјави денеска, откако пратениците на владејачката партија СИРИЗА се побунија, затоа што беа принудени да го поддржат законот за реформи, на барање на кредиторите.
- Многу е веројатно да имаме избори во септември или октомври, во зависност од развојот на настаните во целина, рече министерот.
Според британскиот весник „Гардијан“, што го цитира министерот, одлуката за предвремени избори може да биде донесена до 22 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“