Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението
Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.
Со една доза, вакцинирано е 75 отсто од населението, а 1.640 лица ја примиле вакцината на Новавакс, која од пред десет дена е достапна во Грција.
Темистоклеус објасни дека се менува начинот на информирање за процесот на имунизација во земјата и повеќе нема да биде еднаш седмично како што беше пракса досега, туку ќе биде поретко и во случај да треба да се објави нешто ново.
Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во изминатите денови е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19.
Вчера Националната организација за јавно здравје соопшти 22.694 новозаразени од 106.996 направени тестови, починаа 70 лица, а 364 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 2.658.296 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.635 лица.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
