Loading Video...
Свет
4. August 2021 - 19:49

Во Грција беснеат 40 пожари, најдраматично во околината на Атина

Во Грција беснеат 40 шумски пожари а најдраматично е во Варибоби,Адамес и Тракомакедонес , северни предградија на Атина.

Пожарникарите се надеваат дека во текот на денот ке ги стават под контрола пожрите околу Атина. На терен е и војската и полицијата. 

Изгорени се десетина кука и бројни згради .

Оштетени се и далноводи ,поради што  во делови на Атина нема електрична енергија. 

Полицијата објави дека им помагнала на 70 луѓе навреме да ги напуштат домовите. 

На социјалните мрежи кружат видеа за драматичните бегства на луѓето од пламените јазици. Добро е што нема жртви во пожарите рече грчкиот премиер по посетата на Варибоби.  Грција  деновиве се бори и со жештина која урива температурни  рекорди во историјата на земјата. Во Макракоми се измерени 46, 3 степени целзиусови.