Во градинките и центрите за ран детски развој згрижени 35.286 деца
Зголемување на опфатот на деца во детски градинки и центри за ран детски развој лани е зголемен за 2,6 проценти во однос на 2016 година. Во септември минатата во овие установи за претшколско образование биле згрижени 35.286 деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи и тоа групи деца во развоен период до две години, од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност.
Со годишните извештаи во 2017 година се опфатени 99 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 3.1% повеќе во однос на 2016 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!