Во Гостивар започна изградба на нов мост на Вардар

Во присуство на министерот за локална самоуправа Ширете Елези и градоначаланикот на општина Гостивар Невзат Бејта, денеска беше поставен камен-темеленик и означен почетокот на работите на новиот мост кој треба да биде готов до крајот на годината.
Со новиот мост ќе биде овозможено сообраќајно поврзување на западниот дел од градот со населбата Дутлок, селата Горна и Долна Бањица и наслените места кои се од другиот брег на Вардар.
Мостот, кој ќе го носи иметот „Мост на демократијата“, ќе има должина од 42 метри, ширина од 20 метри. На него ќе има четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари. Проектираната вредност на мостот е 23,6 милиони денари (околу 380 илјади евра). Финансиската подрршка е обезбедена преку меѓународна соработка со Фондот за развој на инфраструктурата на општините со седиште во Луксембург
Министерката Елези нагласи дека гостиварската општина е прва која користи помош од овој фонд и упати апел до локалните самоуправи да се заинтересираат и да искористат погодности кои ги нуди фондот.
На реализацијата на новото сообраќајно решение, според првиот човек на општината, се чекало долго.
- Овој проект беше во програма за работа и тоа го ветивме уште во кампањата во 2013-та. Тоа е прв мост што се гради по повеќе децении и беше неопходен заради развојот на градот. Името, мост на демократијата е во чест на 26 години демократија во земјава, изјави Бејта по свеченото поставуавње на камен-темлникот.
Поврзувањето на улиците „ЈНА“ и „Живко Брајковски“ со мост, изминативе години беше често пати актуелизирано и едно од решенијата беше да изгради нов мост. Ова сообраќајно решение треба да ги растовари градските улици и да обезбеди побрз проток на возила со што ќе се избегнат честите застои низ центарот.
На изградбата на мостот му претходеше уредувањето на приодите до мостот и експропријација на земјиште кое беше обезбедно со пари од општинската каса.
Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
