Во Гостивар започна да се мери загаденоста и квалитетот на воздухот
- Станица за мерење на параметрите на амбиенталниот воздух во Гостивар од вчера е ставена во функција. Опремата е поставена во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“. Со ова, мерната станица во Гостивар постана дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека овој тип на станици следат повеќе параметри.
- Од еколошките параметри се следат: SO2 (Сулфур диоксид), CO (Јаглерод моноксид), NOx (Азотни оксиди), PM10 (Суспендирани честички со големина до 10 микрометри), PM2.5 (Суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), О3 (Озон) и BTX (бензен, етилбензен, толуен, орто и пара ксилен). Од метеоролошките параметри се следат: брзина и правец на ветер, температура, притисок, влажност и глобална радијација, наведуваат од Министерството.
Со ставањето во функција, гостиварци и другите заинтересирани, податоците можат да се следат он-лајн на веб страниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Гостивар.
Од општина Гостивар посочуваат дека со профункционирањето на оваа станица, граѓаните ќе можат благовремено да се информираат за нивото на загадување на воздухот, а друга страна, согласно надлежностите и можностите да се преземаат конкретни чекори во справувањето со загадувањето на воздухот.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња