Македонија
26. August 2016 - 14:39

Во Гостивар одбележани 14 години од погибијата на двајца полицајци

Роднини, пријатели, претставници од Полициската станица Гостивар и здружението на бранители пред спомен-обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на Александар Николиќ и Даиљ Јанковски двајцата трагично загинати полициски резервисти запалија свеќи и положија букети цвеќе.

На пригодниот комеморативен собир, тие им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 14 години додека беа на должност.  Букети цвеќе за Александар и Даиљ беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта.

Јанкоски и Николиќ, како припадници на резервниот полициски состав беа застрелани на должност, на полициски пункт во 2002-рата година час после полноќ на 26-ти август од автомаско оружје. Едно лице беше рането и го преживеа нападот. Виновниците за убиството не се откриени.

На иницијатива на здружението на бранители „Бедем“ во 2012 година на местото на погибијата беше поставена спомен плоча.