Во Гостивар гласаа заболените од Ковид-19 и лицата во изолација
Во општина Гостивар денеска гласаат 26 лица. Утре правото на глас од дома ќе го остварат 184 лица кои се евидентирани како болни и изнемоштени. Еден пријавен за денешното гласање починал, а еден е во болница.
Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, една од двете комисии со заштитна опрема денеска излегла на терен и во 13 часот ги донесе првите гласови од лицата заразени со корона вирусот или кои имаат решенија за самоизолација.
– Од прифатените барања на 26 лица, две лица не гласаа. Едното е префрлено на лекување во болница, а другото во меѓувреме починало. Комисијата нема дозвола да оди во болница и да овозможи гласање, појаснува Мустафа Муслиу, претседател на ОИК Гостивар.
Комисијата ги спровела сите подготовки за да се спроведат изборите. Според Муслиу, изборниот материјал ќе биде предаден на одборите утре од безбедносни причини.
– Како комисија и во консултација со полицијата, оценивме дека во некои од избирачките места не е безбедно да се чува избирачкиот материјал, па наместо во среда, ќе поделиме еден ден порано, рече Муслиу.
Утре правото на глас ќе го искористат 184 лица од пријавени 213. Ним претходно комисијата им ги одобри барањата да им се овозможи да гласаат од дома бидејќи се болни или изнемоштени. Четири лица кои се наоѓаат во домашен притвор се пријавиле за гласање.
Во гостиварската општина за предвремените парламентарни избори право на глас имаат 79.923 граѓани кои се на избрачкиот список. Во среда ќе гласаат на 121 избирачко место и формирани се 119 избирачки одбори.
Две избирачки места ќе бидат покриени со одборите од други, бидејќи во списокот на тие места има помалку од десет гласачи. Бројот на гласачи во споредба со претседателските избори минатата година е поголем за 512.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција