Во Гостивар до среда 55 компјутери ќе добијат деца од социјално загрозени семејства
Ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства од Гостивар до среда ќе добијат компјутери за следење на онлајн настава. Пријавувањето за добивање компјутер започна денеска и ќе биде во соработка со Секторот за образование во Општина Гостивар.
– Во време на пандемијата сакавме да помогнеме на нашите најмили и увидовме дека има многу деца кои немаат можност за следење на онлајн (OnLine ) наставата. Планираната инвестиција во опрема за нашата компанија, решивме да ја пренасочиме во донација од 55 персонални компјутери како помош за ученици кои се под социјален ризик. Предност ќе имаат семејствата со повеќе ученици, бидејќи на тој начин може да се опфатат повеќе деца кои ќе ја следат наставата, рече Ќенан Садику од „Нани Принт“, која ги донира компјутерите.
Компјутерите се комплетирани со оперативен систем и апликациите кои служат за следење настава.
По повикот на локалната самоуправа до бизнимените да им помогнат на сограѓаните, преку Советот за дистрибуција на помош собрани се над 450 пакети со храна и хигиенски производи.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија