Во Гевгелија за патната инфраструктура вложени 108 милиони денари
Општина Гевгелија во годината што истекува за изградба и реконструкција на улици потрошила 108,5 милиони денари. Подобрувањето на патната инфратруктура, според општината ќе биде меѓу приоритетите и во наредната 2017 година.
Изградени се 3.898 метри нови улици и реконструирани 8.318 метри квадратни улична површина со обновување на асфалтот. Покрај ова биле бетонирани околу 4.000 метри квадратни помали улици и тротоари, а со павер елементи биле уредени тротоари, патеки и улични краци на површина од околу 9.000 метри квадратни, соопшти денеска општинската служба за информирање.
- За изградба на нови улици и реконструкцијата на одделни сообраќајници во градот и населените места, од општинската каса во 2016 година беа издвоени 108,5 милиони денари, се вели во соопштението на општина Гевгелија во кое посебно се истакнуваат изградбата на примарната и секундарната сообраќајна мрежа за мултинаменскиот комплекс „Милци“ лоциран покрај автопатната делница кај граничниот премин „Богородица“.
Од општината меѓу реализираните проекти, се издвојува и довршувањето на патот Негорци-Серменин од кој беа изградени уште два километра.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани