Во Гевгелија се обновува хоризонталната патна сигнализација

Согласно програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, заштита и одржување на општинските патишта и улици, денеска во градот Гевгелија почна обновувањето на хоризонталната патна сигнализација, соопшти општинската служба за информирање.
- Акцијата ќе ја изведеме машински, а стартуваме од најфреквентните градски улици на кои хоризонталната сигнализација, особено пешачките премини и насоките за движење, од атмосферските влијанија и газење од пешаци и возила речиси не се познаваат, велат сообраќајните инспектори според кои обележувањето прво ќе се направи во централното градско подрачје.
Според планираното, обновувањето на хоризонталната патна сигнализација ќе се изврши на улиците „Булевар Гевгелија“, „Слободан Митров-Данко“, „Гевгелиски партизански одреди“, „Деко Ковачев“ „Железничка“ и „7 Ноември“ низ кои секојдневно се одвива интензивен сообраќај.
Сообраќајните инспектори посочија дека потоа акцијата за хоризонтално обележување ќе продолжи и на другите улици во градот Гевгелија и населените места во општината.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
