Во Германија зголемен бројот на баратели на азил од Русија
Германија бележи нагло зголемување на бројот на руски баратели на азил од почетокот на годината, објавија денеска германските медиуми.
„Во првите три месеци од оваа година, 2.381 руски државјанин поднеле барање за политички азил во Германија, што е повеќе отколку во целата мината година“, објави Федералната канцеларија за миграција ( BAMF).
Конкретно, забележлив е голем пораст на бројот на апликанти на возраст од 19 до 30 години, што укажува дека многу апликанти сакаат да избегнат мобилизација во руската армија. Според тоа, процентот на машки апликанти, односно потенцијални регрути, се зголеми од 59 на 64 отсто. Оние кои ќе одбијат да се приклучат на руската армија можат да поднесат барање за азил во Германија и да очекуваат заштита.
„Оние кои не сакаат да учествуваат во војната на Путин против Украина, по правило, имаат право на меѓународна заштита“, рече портпаролката на БАМФ. Не се споменува колку такви случаи има меѓу барателите на азил.
По почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари минатата година, во Германија пристигнаа над милион бегалци од Украина, кои автоматски се стекнуваат со статус на воени бегалци, што ги вклучува истите социјални привилегии како и за германските граѓани.
Во Германија моментално се води жестока дебата меѓу федералните и сојузните државни органи за преземање на трошоците за сместување на бегалците и барателите на азил, чиј број исто така расте.
Поради зголемениот број илегални миграции преку т.н. Балканските рути, но и од Италија, Германија ги продолжи контролите на границата со Австрија за половина година.
Германскиот канцелар Олаф Шолц свика кризен состанок на тема прифаќање бегалци за почетокот на мај.
Ново на Сител
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
