Во Германија за две години азил побарале 1,6 милиони луѓе
Во последните две години во Германија азил побарале околу 1,6 милиони луѓе, соопшти денеска германскиот Сојузен завод за статистика.
Според официјални податоци, кон крајот на 2016 година се регистрирани околу 1,6 милиони бегалци, додека кон крајот на 2014 нивниот број изнесувал 851 илјада.
Повеќето од нив дошле од Сирија, Авганистан и Ирак.
Се работи за странци кои имаат дозвола за престој во Германија од хуманитарни причини, за луѓе кои се во процедура за добивање азил, лица со статус на бегалци или под заштита или оние на кои им е се одбиени барањата за азил, а се уште се во земјата.
Повеќе од половината од тие 1,6 милиони странци кон крајот на минатата година добиле дозвола за престој во Германија, а одбиени се 158.000 барања за азил.
Весникот „Билд“ информира дека 30.000 бегалци на кои им е одбиено барањето за азил исчезнале и германските власти не знаат каде се наоѓаат тие.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима