-->
-->
Во Германија уапсени двајца Алжирци осомничени за врски со ИД
-->
Двајца осомничени исламисти се уапсени денеска во Германија при серија полициски операции, спроведени по добиена дојава за подготвка на терористички напад, соопшти извори од германските безбедносни сили.
Како што јави БТА, операциите биле спроведени во Берлин, Хановер и Атендорн.
При акциите полицијата уапсила двајца од четворцата најбарани алжирски државјани, кои се осомничени за тероризам и поврзаност со џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Едниот бил упасен во центар за регистрација на бегалци во Атендорн, а другиот во германскиот главен град.
Полицијата добила дојава за подоготвка на терористички напад од службата за контраразузнавање. Местото на кое би бил извршен нападот не е соопштено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи