-->
-->
Во Германија уапсен тинејџер осомничен за планирање напади
-->
Германското Јавно обвинителство издаде налог за апсење на 17-годишен Ирачанец, кој е осомничен дека планирал извршување терористички напади во Германија и Велика Британија.
Федералното обвинителство соопшти дека уапсениот Дедај А., кого локалните власти во Франкфурт веќе го приведоа на 13 февруари, е обвинет за складирање на големо количество петарди во својот стан во германската сојузна државата Хесен, со цел да ги употреби за изработка на бомби.
Уапсениот, исто така, е обвинет и за членство во групата Исламска држава, се наведува во соопштението во кое не се изнесуваат други детали.
Во согласност со германските прописи за приватност презимето на обвинетиот не е објавено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош