Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад
Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле.
Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во јули. „Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација“, соопшти баварското Министерство за здравство, пренесува „Дојче веле“.
Во Баден-Виртемберг, рокот на траење на 4.000 дози Астра Зенека истече на крајот на јули, поради што тие беа „прописно уништени“, наведува Министерството за здравство. Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози Астра Зенека истече минатиот викенд, па тие беа „прописно отстранети“.
Министерството тврди дека ова е прв таков случај од оваа германска провинција. Дозите што не им се потребни, а рокот се уште не е истечен, провинциите ги враќаат на федералната влада. Хамбург сака да врати 6.000 дози Астра Зенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика