Во Германија откриен нов вид на коронавирус сличен на британскиот
– Во Германија е потврдена новата мутација на коронавирусот, а се работи за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во Берлин, каде е пронајден видот Б. 1.525.
Според компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање на ретки болести, станува збор за вид што е утврден кај примерок од лице со потекло од германската провинција Саксонија.
Инаку, Б. 1.525 е сличен на британскиот вид Б. 1.1.7, но како и јужноафриканскиот и бразилскиот, има мутација на шилестите протеини.
Врз основа на сличноста со позаразниот вид, се претпоставува дека новиот вид е позаразен од основниот вирус.
Инаку, Б. 1.525 веќе е докажан и во други земји како Данска, Италија, Нигерија, Норвешка, Канада, Велика Британија и САД, и сега за прв пат во Германија.
Од почетокот на оваа година, компанијата „Центогене“ го анализира секој позитивен примерок и со секвенцирање утврдува за кој вид се работи.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
