Во Германија има 657 потенцијални исламски терористи
Германската криминалистичка полиција има информации за 657 исламски радикали коишто имаат потенцијал да извршат терористички напади и за уште 388 граѓани, кои се потенцијални соучесници во извршување на напади, пишува весникот „Ној Оснабрик Цајт“,
Според весникот, кој цитира документи од германските служби за безбедност, бројот на потенцијални исламски терористи во Германија за три месеци се зголемил за над 80, затоа што во јануари службите имале податоци за околу 570 луѓе кои се подготвени да бидат сторители на тероризам во име на исламот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Меѓу потенцијалните терористи се наоѓаат и над 140 германски граѓани кои се вратени од конфликтите во Сирија и Ирак и кои се под мониториннг на германските власти. Новите мерки на германските власти за депортација на одбиени баратели на азил и за засилен мониторинг на потенцијалните крииналци, кои што се воведуваат по божикниот напад во Берлин во кој загинаа 12, а 56 луѓе беа повредени, засега не даваат резултати во битката за намалување на опасноста од терористички напади во Германија.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата