Во Германија драматичен пораст на баратели на азил од Турција
Во 2016 година германските власти забележуваат драматичен пораст на барањата за политички азил од турски граѓани во земјата, објавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Најголем дел од вкупно 4437 барања за азил во периодот јануари - октомври се поднесени по обидот за државен удар во јули. Од јануари до јуни во Германија азил барале по околу 350 луѓе месечно а од јули бројот постојано се зголемува и во октомври изнесува 485. Зголемени трендови на бројот на азиланти се очекуваат и за ноември и декември и во текот на наредната година.
Претставникот на баварската Христијанско Социјална Унија (ЦСУ) Штефан Мајер бара Германија да не ги прима противниците на турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган како баратели на азил во земјата. Тој се противи на позицијата на германскто МНР кое што предходно објави дека прогонетите политички противници на Ердоган имаат право да бараат заштита во Германија.
„Не можеме да ги решиме турските проблеми со покани за азил сите критички настроени граѓани во Турција.Тоа е тоа што Ердоган го сака, исчезнување на опозицијата“ , вели Мајерс.
Турските односи годинава беа влошени со тужбата на Ердоган против германски сатиричар кој го критикуваше за непочитување на човековите права и со резолуцијата на Бундестагот со која Отоманската империја поради масакрот врз Ерменците во втората светска војна беше прогласена за геноцидна. Дополнителна тензија во односите меѓу двете земји се случи откако пред десетина дена Анкара го обвини Берлин дека заштитува припадници на терористички организации кои што се борат против Турција.
Меѓу барателите на азил од Турција се наоѓаат и најмалку 8 дипломати, меѓу кои и аташето за безбедност во турската амбасада во Берлин кои што побараа заштита од германските власти по воениот удар во јули. Во Германија живеат над 3 милиони граѓани со турско потекло.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран