Во функција на временото повлекување, премиерот Груевски достави оставка до Собранието
Во функција на временото повлекување, премиерот Никола Груевски денеска достави оставка до претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
- Денеска ми беше доставена оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. Оттаму, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе постапувам во согласност со уставните, законските и деловничките права и обврски. Истовремено, имајќи ги предвид преземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија согласно договорот од 2 јуни 2015 година и протоколот од 15 јули 2015 година, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе го следам исходот од денешните разговори со посредство на меѓународната заедница. Искажувам надеж дека политичките лидери на Република Македонија ќе успеат да ги надминат меѓусебните предизвици, а во функција на натамошен демократски развој на Република Македонија. Верувам дека во периодот што следи ќе биде направен уште еден исчекор во исполнувањето на обврските од постигнатиот договор, а во функција на натамошно стабилизирање на вкупните прилики во државата, се вели во соопштението од Кабинетот на претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар