Во Франција поради измени на Законот за работа блокирани складишта за гориво
Членови на францускиот трговски синдикат ги блокираа влезовите на складиштата со гориво, протестирајќи против реформата на Законот за работа, што формално ја потпиша претседателот на Франција Емануел Макрон.
Во јужниот дел на Франција демонстрантите поставија барикади пред рафинеријата на компанијата „Тотал“, додека на западниот дел се блокирани влезовите на складиштата за гориво во Бордо и во Рошел.
- Одлучни сме. Ќе останеме колку што е можно повеќе, со надеж дека барикади ќе има на повеќе места и дека тоа ќе го натера господинот Макрон да се откаже, изјави претставник на синдикатот.
Со цел да се избегне недостиг на гориво, Владата распореди полиција на неколку места за да ги спречи демонстрантите да ги блокираат приодите кон складиштата.
Макрон во петокот формално потпиша пет декрети за измена за Законот за работа, што е прва официјална економска реформа откако стапи на функцијата во мај годинава.
Новите правила, за кои беше разговарано со синдикатите, ќе ја ограничат исплатата на отпремнината при отпуштање на вработените, што многумина го сметаат за неправедно.
Истовремено на компаниите ќе им биде дадена поголема слобода при вработувањето и отпуштањето работници и договарањето на условите за работа.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години