-->
-->
Во Франција евакуирана црква поради сомнителен автомобил
-->
Француската полиција синоќа евакуира 800 верници од црквата „Свети Јосиф“ во градот Безансон, откако била алармирана дека пред храмот има паркирано сомнителен автомобил.
Но, заканата се покажала лажна, бидејќи набрзо се појавил сопственикот на автомобилот и објаснил дека брзал и се паркирал во близина на црквата, со што ги прекршил безбедносните правила. Сепак, полицијата не му дозволила да влезе во возилото се додека не било проверено.
Бадниковата вечер во Франција првпат се прославуваше во услови на вонредна состојба поради нападите во Париз од 13 ноември. Синоќа во целата земја имаше засилени безбедносни мерки околу црквите, за што беа ангажирани 50.000 полицајци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата