-->
-->
Во Финска ќе се продава леб со сушени инсекти
-->

Една од најголемите фински прехранбени компании соопшти дека од петок почнува со продавање леб со сушени инсекти.
Шефот на пекарското одделение на групацијата Фазер, Маркус Хелстром изјави дека во тестото на секоја векна ќе има по 70 сушени и сомелени штурци.
Тој додаде дека прав од буби ќе биде три отсто од тежината на лебот.
Според него, Финците сакаат нови работи, а лебот ќе биде многу вкусен и свеж, со почитување на пекарските стандарди.
Од 1 ноември во Финска е дозволено продавање инсекти како храна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
