Полицијата во акција против пиротехника
Полицијата во предновогодишна акција.Засилени контроли најавија на сите оние тезги и места каде и покрај забраната слободно се продаваат и употребуваат најразлични опасни пиротехнички средства за забава. Од Секторот за внатрешни работи Охрид , велат дека засилени акции ќе продолжат и во наредниот период.
Полицијата и годинава спроведува превентивно - едукативни активности со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Деновиве беа пронајдени и одземени се околу 400 парчиња различни пиротехнички средства кај лице од Долна Белица, струшко кои нелегално ги поседувал.Инаку изминатите години во пресрет на празниците биле пронаоѓани над 150 илјади различни пиротехнички средства од физички и правни лица.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
