Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
Во февруари годинава вкупно се потрошени 692 461 мегават часови електрична енергија, 39.165 милиони нормални кубни метри природен природен гас, 574 134 тони јаглен и 85 541 тони нафтени продукти.
Како што објави денеска Државнот завод за статистика, 82.4 проценти од потрошената енергија е од домашни извори, а 99,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во февруари 2025 година изнесува 570 529 мегаватчасови, што претставува 82,4 проценти од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
Статистичките податоци покажуваат дека во февруари годинава во однос на февруари минатата година вкупната потрошувачка на природен гас е зголемена за 3,3 проценти, а потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 4,5 проценти.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид