-->
-->
Во Египет убиени 10 екстремисти
-->
Египетските безбедносни сили убиле 10 екстремисти и уапсиле 400 осомничени, меѓу кои и странски борци, во вооружена операција против исламисти во Синај, соопшти денеска египетската армија.
Во најновата офанзива на безбедносните сили досега се убиени вкупно 38 екстремисти.
- Големата воена операција, во која учествуваат и армијата и полицијата, почна во петокот, а целта е уништување на терористичките и криминалните елементи и организации во цел Египет, соопшти портпарол на армијата.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, кој очекува да биде реизбран во март, во ноември им нареди на вооружените сили да ги уништат екстремистите во рок од три месеци, откако исламисти нападнаа џамија, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение