Во еднонеделниот конфликт со Израел досега загинаа 48 Палестинци

Бројот на палестинските жртви во конфликтот што избувна во петокот минатата недела меѓу Израел и Исламски џихад во Појасот Газа денеска се зголеми на 48, откако на повредите им подлегнаа еден маж и 11-годишно девојче.
Во меѓувреме, две деца од Газа на возраст од 8 и 14 години се борат за живот во болница во Ерусалим. Повеќе од 300 Палестинци се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа, а Исламски џихад одговори со ракетни напади врз Израел.
Со смртта на девојчето Лајан ал-Шаер во болницата Муасед во арапскиот кварт во Ерусалим, бројот на убиени деца во конфликтот се зголеми од 17.
Израел објави дека 16 лица загинале поради неуспешното истрелување ракети од страна на палестинските екстремисти, кои паднале во Појасот Газа.
Повеќе од 30 Палестинци, меѓу кои и цивили и неколку екстремисти, беа убиени во израелските напади, меѓу кои и двајца команданти на Исламскиот џихад.
Прекинот на огнот стапи во сила во неделата навечер.
Никој не е убиен или тешко ранет на израелска страна.
Израел и другата, поголема, палестинска екстремистичка организација во Појасот Газа, Хамас, која владее со територијата со повеќе од два милиони Палестинци, војуваа четири пати во последните 15 години.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
