-->
-->
Во движење се запали возило со италијански дипломатски таблички во Кисела Вода
-->
Вечерва во скопска Кисела Вода 41-годишен скопјанец возел со возило марка „џип“ одел кон Сопиште, но забележал чад од хаубата, по што застанал и побарал помош од локалците.
- Вечерва во 19.29 час. во СВР Скопје од страна БППЗ пријавено е дека на место викано Теферич -К.Вода гори возило.
Од страна на полициски службеници од ПС К.Вода излезено е на место на настан при што е констатирано дека е опожарено возило “џип” , сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје, кој појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот.
Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
-
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
-
Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба