Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 31.01.2026 во 17:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, во с.Босилово, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И.(21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И.(71) од с.Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.
Ново на Сител
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
