Во Дубаи ќе се гради нова највисока зграда на светот

Во Дубаи наскоро треба да почне изградба на зграда која ќе биде повисока од Бурџ Калифа, моментно највисоката зграда на светот, соопшти денеска градежната компанија „Емар“.
- Изградбата ќе чини околу една милијарда долари, а зградата ќе биде „малку повисока“ од Бурџ Калифа, најави претседателот на управниот одбор на „Емар“, Мохамед Алабар, претставувајќи ги деталите на проектот.
Тој истакна дека висината на зградата ќе биде објавена по завршување на изградбата, додавајќи дека планирано е тоа да се случи пред 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба „Ворлд Експо“.
Зградата, која е дизајнирана од шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валс, ќе има повеќе видиковци, како и 18 до 20 спратови на кои ќе се наоѓаат, меѓу другото, ресторани и хотели. Зградата ќе биде тесна и „прицврстена“ за земјата со помош на силни кабли.
Саудиската компанија „Кингдом Холдинг“ истовремено планира во Џеда да изгради зграда која ќе ја надмине Бурџ Калифа и ќе биде висока повеќе од еден километар.
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
