-->
-->
Во ДИК се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи
-->
До 13:00 часот, денеска до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Како што соопшти ДИК, од нив 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Државната изборна комисија.
Според објавената табела, најголем дел од пријавите се од жители од општина Чаир - 255, следат општина Аеродром - 90, општина Центар - 83, општина Тетово - 78 и 64 пријави од граѓани од општина Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива