Во Делчево зголемен бројот на случаи со стомачен вирус

Зголемен е бројот на пациенти во Делчево со симптоми на стомачен вирус. Само во Итната медицинска служба со карактеристичните болки во дигестивниот тракт, повраќање и дијареја, во август се примени 150 пациенти. Оваа бројка е двојно поголема ако се земе предвид дека голем дел од пациентите помош бараат од матичните лекари, истакнува д-р Гоце Стоименовски раководител на Итната помош во Делчево.
- Овој период имаме зголемен број на пациенти со симптоматологија на стомачен вирус, со болки во стомакот, со гадење, повраќање, дијареја. Тоа се должи на вироза, односно вирус во дигестивниот систем и ја дава оваа симптоматологија. Покрај основните симптоматолошката терапија, се препорачува хигиено-диететски режим, односно во исхраната да се употребуваат повеќе течности, варен чај од нане, варен компир, супа, двопек, односно храна која полесно се апсорбира од дигестивниот систем, рече д-р Стоименовски.
Тој додаде дека причината за стомачниот вирус е паднатиот имунитет на организмот, а возраста на пациентите е најразлична, но голем број од нив се бебиња и деца.
- Кај нив се препорачува поголем внес на течности, значи не е битна толку храната во оваа состојба, колку течностите се со цел да се избегне дехидратација на организмот која понатаму бара болничко лекување. Апелирам до родителите да внимаваат на овој факт, рече д-р Стоименовски.
Во овие 20 дена од август, во Итната медицинска служба се јавиле околу 450 пациенти, а променливото време зачинето со високи летни температури донело и зголемен број на пациенти кои имале варијација на крвниот притисок. Лекарите предупредуваат да се зема редовната терапија и да се избегнува движење во периодот кога сонцето е најјако.
Ново на Сител
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
