-->
-->
Во Делчево светиот крст го фати Христијан Струков
-->

Од водите на реката Брегалница во Делчево светиот крст го изваде 20-годишниот Христијан Струков од делчевското село Вирче. Ова момче беше најсреќно и највешто од 10-ината момчиња кои се фрлија во водите на Брегалница. За него ова значи здравје, бериќет и благодет не само за него и неговото семејство, туку и за сите жители на Делчево.
- Многу сум среќен, иако водата е многу ладна имав среќа. Еве, по втор пат сум побрз од моите пријатели кои са фрлаа по крстот. Бог нека дава здравје и среќа на сите, рече Струков.
Струков од општина Делчево како награда за овој чин ќе добие телевизор, а од црквата „Успение на пресвета Богордица“ икона и библија.
Чинот на осветување на водите на Брегалница го следеа илјадници верници во Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
