Во Делчево се одржа 11. Пијанечко-малешевска свадба
На летната сцена во Делчево синоќа заврши 41-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал каде настапија 15 фолклорни друштва од земјава и странство.
На фестивалот му претходеше традиционалната културна манифестација „Пијанечко-малешевска свадба“ која преку венчавката на Тања Димитрова од Симитли, соседна Бугарија, и Љупчо Петровски од Делчево, беа афирмирани народните свадбарски обичаи од Пијанец.
Зенил Реџепов, координатор на проектот од КУД „Гоце Делчев“ истакна дека на традиционаната свадба се афирмирани и возобновени 30 свадбарски обичаи.
- Дел од обичаите ги изведувамена свадбарскиот ручек, дел на летната сцена за да можат да ги видат сите присутни. Среќен сум што успеавме и оваа година да ја возобновиме традицијата и со свадбата да го вратиме Делчево во минатото, а од друга страна оваа културна манифестација да ја понудиме како туристичка понуда од регионот, рече Реџепов.
Облечени во народни носии и со многу свадбарски адети, Тања и Љупчо ја крунисаа својата долгогодишна љубов во новата црква „Св Наум Охридски“ во центарот на Делчево.
- За мене е чест што сум дел од оваа свадба и што со нас продолжува оваа традиција. Сакам на младите да им послужиме за пример како се негува традицијата, рече Петровски.
Културната манифестацијата ја организираше КУД „Гоце Делчев“ од Делчево со поддршка на Министерството за култура и Општина Делчево.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина