Македонија
28. October 2016 - 11:11

Во Делчево почна вакцинирањето против грип

Од денеска во Центарот за јавно здравје Делчево започна вакцинирањето протов сезонски грип за што се обезбедени 550 вакцини.
 
Д-р Јелица Стојковска, спец.епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Делчево истакна дека интересот кај лицата кои сакаат да ја примат оваа вакцина е голем и очекуваат на првиот ден да се вакцинираат околу 200 пациенти.
 
- Брoјот на обезбедени вакцини соодветствува со бројот со кој работевме минатата година. Инаку, сакам да потенцирам дека овој тип вакцини против грип штити од 2 поттипа на грипот од типот А и еден поттип од типот Б, што значи вакцината е комбинирана од три вируси и пожелно е да се вакцинираат хроничните болни и лицата со намален имунитет и на возраст над 50 години, а вирусот дава имунитет една години, затоа е пожелно еднаш годишно да се вакцинираат овие лица, рече Стојковска.
 
Таа додаде дека вакцинирањето против сезонски грип во М. Каменица ќе се реализира наредниот петок.