Во Делчево почна собирањето потписи за бесплатни здравствени прегледи на бремените жени
Во Делчево денеска почна собирањето потписи за бесплатни здравствени прегледи на бремените жени во рамки на кампањата „Стоп за незаконското наплаќање кај матичните гинеколози“ што ја спроведува невладината организација КХАМ.
Санела Абдулова од организацијата истакна дека станува збор за активост која е во рамки на здравствената програма со која се сака да се подигне свеста кај населението за значење на редовните гинеколошки прегледи, но и да се сопре со незаконското наплаќање на прегледите кај матичните гинеколози.
- Целта на оваа петиција е да се подигне свеста кај бремените жени за важноста од гинеколошки прегледи, а со тоа и да истакнеме дека здравствените услуги за бремените жени се бесплатни. Нашите истражувања покажаа дека има незаконско наплаќање од страна на матичните гинеколози. Од друга страна сакаме да укажеме на важноста на родовата компонента. Жената треба да има поддршка од своето семејство при остварување на своите редовни гинеколошки прегледи, за да имаме здраво поколение, рече Абдулова.
Освен во Делчево, потписи ќе се собираат и во Берово, Пехчево со селата Црник и Виница, а сите заедно ќе бидат доставени до Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“