Во Дебарско лани склучени 278 бракови

Во Дебарско продолжува благиот раст на бројот на запишани бракови во Подрачната канцеларија на Управата за водење матична евиденција во Дебар.
Во матичната книга на венчаните во Канцеларија во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, запишани се 278 бракови или 15 повеќе споредено со претходната година. Од вкупниот број, 10 отсто се бракови склучени на нашинци кои живеат и работат во странство.
- Во текот на минатата година во матичната книга на венчаните запишани се 278 бракови. Од нив 207 се во општина Дебар, градот и месните канцеларии во Долно Косоврасти, Могорче и Џепиште, додека 71 во општина Центар Жупа, односно во месните канцеларии во Центар Жупа и Коџаџик. Од вкупниот број 27 бракови се на нашинци кои брак склучиле во некоја од западноевропските земји или САД, каде што живеат, но го евидентираат и тука кај нас, изјави Зулија Тренова, соработник во Подрачната канцеларија.
Статистиката потврдува дека лани биле евиндетирани 263 бракови, додека во 2014 година 246, од нив околу 15 отсто се склучени надвор од државава.
Најголем процент од браковите се регистрират во летните месеци кога во родниот крај доаѓаат нашинците и тогаш се прават и најмногу свадби.
Ново на Сител
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
