Во Дебар расте бројот на заразени со Ковид-19, а ретко кој почитува мерки
Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19, каде во последните два дена опасниот вирус е потврден кај 15 лица, од оваа и од Општина Центар Жупа.
Десет од нив веќе се внесени во денешниот извештај на Министертвото за здравство, додека за пет потврдата е добиена подоцна.
– Епидемиолошката состојба се влошува, а бројките се само потврда дека вирусот сè уште е меѓу нас и се шири. Невнимателноста на самите граѓани и непочитувањето на мерките се причина повеќе за ширењето на вирусот. Тука секако масовното присуство на иселениците и одржувањето на разни домашни веселби, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид-центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Од таму додаваат дека во Центарот се хоспитализирани две лица, кои се на кислородна поддршка.
– Апелираме до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите. Дополнително ги замолуваме граѓаните кои сеуште не се вакцинирале, да не се двоумат туку да се имунизираат, за што не е потребен претходно закажан термин, туку само да се јават во нашата модуларна болница, апелира докторот.
Со новите заразени во двете општини моментно активни на болеста се 51 лице, од нив кај 34 вирусот е дијагностициран овој месец. Меѓу заразените има и иселеници од САД и Италија, кои летниот одмор го минуваат во родните места.
Јавна тајна е дека бројот е многу повисок, затоа што дел од оние кои се погодени од вирусот, а се со благи симптоми не доаѓаат за лекарска услуга.
Но, и покрај загрижувачкиот раст она што може да се види насекаде во градот и населените места е фактот дека само мал број од граѓаните носат заштитни маски во затворен простор, растојание не се одржува, а секојдневно има по повеќе веселби, свадби, сунети и свршувачки, со големо присуство на гости.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон