Во Дебар нов случај на Ковид-19
По педесет дена, во Дебар денеска е потврден нов случај на заразен со Ковид-19.
Според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот.
-Во средата вечерта блиски на пациентката се јавиле во итната помош, која веднаш заминала и пацеинтката беше донесена во Општата болница во Дебар, со висока телесна температура. Во консултација, ние лекарите одлучивме да ја препратиме во клиниките во Скопје. По земениот бис потврдено е дека е заразена е од Ковид-19, изјави за МИА директорот Халили.
Додава дека во текот на денов епидемиолошката служба при Работната единица на Центарот за јавно здравје земале девет брисеви на најблиските на пациентката.
Во тек е и анкета каде се движела пацинетката и со кого имала контакти по што ќе се земаат и брисеви на други лица, а ќе се знае и од каде таа се заразила.
Ова е 52-ри случај на Ковид-19 во Дебар.Од претходните 51 лице 47 се излекувани додека четворица починаа.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг