Во Дебар доставени 856 даночни пријави

Во Даночниот шалтер во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, досега се доставени 856 годишни даночни пријави, информира Гоце Веселиновски, портпарол на Регионалната дирекција на УЈП во Тетово, во чии рамки делува и дебарскиот даночен шалтер.
- Рокот за поднесување годишна даночна пријава истекува за три дена, на 15-ти март. Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните шалтерот во Дебар работеше и денеска. По некое непишано правило да се чека последниот ден, очекуваме во последните два дена, понеделник и вторник поголем број на доставени пријави, вели Веселиновски.
Од опшините Дебар и Центар Жупа минатата година оваа законска обврска ја исполниле 1.310 даночни обврзници или двапати повеќе споредено со претходната година.
Лани на ниво на регионална дирекција, која го покрива подрачјето на Тетово, Гостивар и Дебар биле поднесени 33.370 годишни даночни пријави, што е за трипати повеќе споредено со 2014 година, кога биле поднесени 11 илјади пријави.
Ново на Сител
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
