Преглед на вестите од светот
Татко и син, 50 годишниот Саџид и 24 годишниот Навид Акрам го извршија масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, насочен кон еврејската заедница за време на прославата на Ханука. Смртно застрелаа 15 а ранија повеќе од 40 лица. Во моментот на нападот, на плажата имало околу 1.000 луѓе.
- Тие сакаа да убијат што е можно повеќе Евреи едноставно затоа што беа Евреи поради злосторството што беа Евреи“
- меѓу жртвите има 10-годишно девојче, двајца рабини, преживеан од Холокаустот, пензиониран полицаец , како и Дан Елкајам, член на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден. Полицијата го квалификуваше нападот како антисемитски терористички чин, а во автомобилот на напаѓачите беа пронајдени знамиња на ИСИС и импровизирани експлозивни направи. Саџид беше убиен во престрелка со полицијата, додека Навид беше сериозно повреден и е на лекување во болница. Оружјето што го користеле во нападот легално го поседувале. Официјалните лица не го прецизираа потеклото на осомничените во нападот
Синот е роден во Австралија. Таткото пристигна во 1998 година со студентска виза, во 2001 година префрлен на партнерска виза, а по секое патување во странство од тогаш е со вратени визи за престој, што се случи три пати.“
Меѓу повредените е и случајниот минувач 43-годишен Ахмед ал-Ахмед кој совлада еден од напаѓачите и му го зеде оружјето. Тој е австралиски државјанин со сириско потекло. Татко е на две деца
„Многу сум горд на мојот син бидејќи тој е херој низ цела Австралија и нема новинска агенција која не ја покажа херојската работа што ја изврши. Дури и претседателот Трамп му се заблагодари за неговите постапки. Австралискиот премиер напиша дека тој е храбар и херојски човек и му посака брзо закрепнување. Тој е човек кој го жртвуваше својот живот и себеси за да спаси животи. Невини души беа присутни на местото на настанот.“
Австралија ќе ги заостри законите за оружје со ограничување на бројот за поседување за едно лице, ограничување на лиценците и забрана за оружје на лица кои не се државјани истакна премиерот Ентони Албанезе.,.
Во Австралиај е ден на жалсот. Знамињата се на половина копје. Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери . Израелскиот премиер изјави дека ги предупредил австралиските власти дека поддршката за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот.
Берлин е домаќин на втор ден разоговри помеѓу Украина и САД, насочени кон изнаожање мировен план за ставање крај на конфликтот со Русија. Украинската делегација ја предводи претседателот Зеленски, а Втикоф е на чело на американската делегација Зеленски изјави дека Украина е подготвена да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО , доколку САД и ЕУ понудат доволно силни безбедносни гаранции, кои би биле слични на Членот 5 од НАТО. Шефот ан украинскаат држава оцени дека мировниот план мора да биде пофер за Украина бидејќи Русија ја почна војната, но сепак потенцираше дека ниту една страна нема да биде целосно задоволна. На разговорите присуствуваат и германскиот канцелар Мерц, францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Стармер, како и генералниот секретар на НАТО, Руте, и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
